Рекламација

ИЗЈАВА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА НА ДАЛЕЧИНА

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, образецот за изјава за откажување од договор треба да се достави на е-мејл адресата mendinotoys@gmail.com.

Потрошувачот има право да го откаже договорот за купопродажба на далечина или надвор од деловни простории, без наведување причини, во рок од 14 дена од приемот на производот. Откажувањето го ослободува потрошувачот од сите обврски освен трошоците за враќање на производот.

Производите треба да бидат некористени, неоштетени и во оригиналната амбалажа, со приложена сметка и пополнет образец за изјава за откажување. Договорот се смета за откажан од денот на испраќање на изјавата.

Трговецот е должен да изврши поврат на средствата во рок од 14 дена од приемот на изјавата. Во случаи на продажба на далечина, средствата може да се вратат само по прием или доказ дека производот е вратен.

Потрошувачот треба да го врати производот без одлагање, но најдоцна во рок од 14 дена од испраќањето на изјавата.

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЦА

Во случај на поврат, средствата се враќаат исклучиво преку методот со кој е извршено плаќањето (VISA, MasterCard и сл.).

Образецот за изјава за откажување може да се добие преку е-маил на: mendinotoys@gmail.com